Транскултурна телефонска линија за ментално здравје 1800 648 911

 

Поврзување на јазикот, културата и негата за ментално здравје


Транскултурната телефонска линија за ментално здравје (Transcultural Mental Health Line) ве поврзува со искусни стручни здравствени лица кои ја разбираат вашата култура и можат да комуницираат со вас на
вашиот јазик.
Кога ќе се јавите на 1800 648 911, ќе зборувате со стручно здравствено лице кое може:

  • да ви понуди совети како да ја подобрите вашата благосостојба и менталното здравје
  • да ви помогне да имате пристап до службите за ментално здравје во вашата заедница
  • да ве поддржува да се грижите за некој што е загрижан за менталното здравје

Можете да се јавите на 1800 648 911 од понеделник до петок, од 9:00 ч. наутро до 4:30 ч. попладне


Транскултурната телефонска линија за ментално здравје е услуга за поддршка во врска со менталното здравје.

Ако на некој му е потребна помош, веднаш јавете се на Три нули (000).

За поддршка и совети во врска со менталното здравје навечер и за викендите, јавете се на Телефонската линијата за ментално здравје (Mental Health Line) на 1800 011 511

Оваа телефонска линија е отворена 24 часа во денот, седум дена во неделата. Ако ви треба помош во врска јазикот за да разговарате со оваа служба, јавете се во Службата за писмено и усно преведување (Translating and Interpreting Service - TIS National) на 131 450 и побарајте да ве поврзат со Телефонската линија за ментално здравје. Информации за благосостојбата и менталното здравје се достапни на вашиот јазик на вебстраницата на Транскултурниот центар за ментално здравје: www.dhi.health.nsw.gov.au/tmhc


Transcultural Mental Health Line Postcard in Macedonian Македонски

Postcard

 

Download the Transcultural Mental Health Line Postcard in Macedonian Македонски here (PDF 914.7KB)

To order hard copies of the Transcultural Mental Health Line Postcard in Macedonian Македонски email us at [email protected]

 


View and download all Transcultural Mental Health Centre resources in Macedonian Македонски here